Поплавите во североисточна Босна и Херцеговина открија масовна гробница

Од:

Непозната масовна гробница од времето на војната во Босна и Херцеговина е откриена близу градот Добој после обилните дождови и ерозијата на почвата.

Босанските медиуми соопштија дека гробницата на брегот на реката Босна случајно ја откриле електроинжинери, кои ја поправале електричната инсталација во близина на стариот мост во Добој, североисточна Босна.

Се претпоставува дека во гробот се погребани босански муслимани од селото Јабланица, близу градот Маглај. Овие лица се сметаа за исчезнати откако силите на босанските Срби го преземаа селото во текот на летото во 1992 година.

Би можело да ве интересира

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Босна и Херцеговина ги укинува визите за илегалните мигранти кои доаѓаат под маската на странски работници