Поранешниот светски шампион во бокс и иден градоначалник на Киев, Виталиј Кличко денеска изјави дека киевскиот плоштад Мајдан, кој беше центарот на проевропските протести во Украина ја „завршил својата мисија“ и дека барикадите ќе бидат демонтирани.
– Барикадите ја одиграа клучната улога и треба да бидат отстранети. Киев треба да се врати кон нормалниот начин на живот, истакна Кличко на заедничката прес-конференција со Петро Порошенко, кој победи на вчерашните претседателски избори.
Кличко беше еден од лидерите на протестите на Мајдан. Тој одби да се кандидира за претседателската функција во корист на Порошенко и одлучи да се бори за градоначалник на Киев.