Американски експерти пристигнуваат во БиХ за расчистување на мини по поплавите

Од:

Американски експерти денеска пристигнуваат во Босна и Херцеговина да помогнат на Центарот за отстранување на мини поради новосоздадената ситуација откако со поплавите и лизгање на земјиштето се промени местоположбата на минските полиња, пренесува Танјуг.

Тричлена екипа, испратена од американскиот Стејт департмент, пристигнува на помош на центарот и ќе обезбеди експертиза за специфични случаи на отстранување на мини при лизгање на земјиште и проценка на ситуацијата, потврди американската амбасада во Сараево.

Експерти за мини од Хрватска, Србија и БиХ ќе дејствуваат заедно за неутрализирање на неактивираните мини, кои излегоа од минските полиња поради поплавите во земјата.

Тоа е договорено на средба на регионална екипа за мини, составен од експерти од три земји, кои во петокот разговараа за потенцијалните опасности од разместувањето на минските полиња по поплавите.

Регионалната експертска екипа се состои од претставници на Центарот за отстранување на мини на БиХ, Центарот за деминирање на Србија и Хрватскиот центар за деминирање.

Според експертите постои опасност голем број мини, особено по течението на реката Босна да стигнале до реката Сава од погодените региони, а постои опасност некои да стигнале дури до реката Дунав.

Би можело да ве интересира

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Босна и Херцеговина ги укинува визите за илегалните мигранти кои доаѓаат под маската на странски работници