Јарец по име Мистер Џи и магарето Џелибин живееле заедно и биле најдобри пријатели, а потоа ги разделиле.
Кон почетокот на месецов, Мистер Џи е донесен во азилот „Animal Place“ во Грес Вели во Калифорнија. Тој заедно со голем број други животни со години живеел во лоши услови.
Кога стигна во азилот тој шест дена одбивал храна, поради што многу се загрижиле вработените во прифатилиштето, пренесува „Блиц“.
Тие знаеле дека Мистер Џи претходно бил неразделен со магарето Џелибин, но не сфаќале дека нивната разделба има голем ефект врз јарецот.
Мистер Џи цело време само лежел во аголот и одбивал да излегува надвор од просторот каде бил сместен.
Ветеринарите утврдија дека јарецот физички е здрав и дека неговиот единствен проблем е што е многу тажен. Така еден од волонтерите азил одлучил да оди на 14-часовен пат до другиот азил каде бил сместен Џелибин.
Кога магарето стасало во азилот „Енимал плеис“, јарецот веднаш реагирал. Излегол надвор и како да не можел да верува дека неговиот пријател е тука. Јарецот го промени расположението и однесувањето, стана повесел.
После 20 минути од доаѓањето на магарето, јарецот конечно почнал да јаде.
Двајата пријатели повторно се неразделни.