На 42. Мајски оперски вечери во Македонската опера и балет вечерва ќе биде изведена претставата „Турандот“ на Џакомо Пучини.
Премиерата на оваа претстава на сцената на МОБ се одржа на 9 мај 2002 година на отворањето на Мајските оперски вечери, а насловната улога на принцезата ја толкуваше примадоната од Белград Радмила Бакочевиќ.
Претставата 12 години е редовно на репертоарот и една од најомилените кај публиката, посочуваат од МОБ.
Во претставата ќе настапат Џована Казола од Италија во насловната улога, која ја интерпретирала над 500 пати и во познатата продукција во Забранетиот град во Пекинг под диригенство на Зубин Мехта, а во улогата на Калаф ќе настапи Руди Парк од Јужна Кореја, Лиу ќе биде Валерија Сепе од Италија Тимур – Елија Тодиско од Италија…
Диригент ќе биде Џанлука Мартиненги од Италија, кој ја диригираше „Симон Боканегра“ на отворањето на 42. Мајски оперски вечери.