Украинците масовно гласаат за нов претседател, во Доњецк затворени избирачките места

Од:

Украинците масовно гласаат за нов претседател, кој ќе има тешка задача да стави крај на прорускиот сепаратистички бунт во источниот дел на земјата и да ги нормализира односите со Русија.

На исток, меѓутоа, каде што сепаратистичките бунтовници предупредија дека ќе направат се што е можно да го попречат изборниот процес, има малку знаци за изборна активност.

Според администрацијата на Доњецката област таму успеале да отворат помалку од 18 проценти од избирачките места.

Централната изборна комисија соопшти дека во соседната област Луганск можат да гласаат едвај 17 проценти од избирачите.

ИТАР-ТАСС цитира претставник на сепаратистите во Доњецк, според кој досега таму не е отворено ниту едно избирачко место.

Не се отворени ниту избирачките места на градскиот аеродром, каде ЦИК на 23 мај реши да префрли неколку окружни изборни комисии.

Според првичните информации, киевските власти „дури не се ни обиделе таму да достават гласачки ливчиња“, додаде изворот.

Во 12 часот по локално време е планиран митинг во Доњецк против претседателските избори во Украина.

Организирањето на слични митинзи беше објавено во сите градови на самопрогласената Доњецка народна република, рече нејзин претставник.

Во градот Доњецк и околината ситуацијата е спокојна. Организирањето на изборен процес во градот Славјанск  е невозможно, изјави денеска претседателот на ЦИК на Украина Михаил Охендовски.

Денешните предвремени претседателски избори ќе бидат признаени, независно дека во повеќе избирачки места во Доњецката и Луганската област нема да се гласа, наведе ИТАР-ТАСС.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми