Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте Амам, вечерва, со почеток во 20.30 часот ќе се одржи завршен настан од изложбата „Time Collectors project“, со вокален перформанс „Ехо ориентација“ на Силвија Горак од Полска и музички перформанс на „Sweet Rapscallions“, група од Битола.
На истиот настан ќе биде промовиран и каталогот од изложбата „TIme Collectors project“.
На оваа меѓународна изложба се изложени дела на 16 домашни и странски уметници: Биба Кајевиќ (Македонија), Гаврило Миловановиќ (Македонија), Лана Васиљевиќ (Србија), Горан Деспотовски (Србија), Силвија Горак (Полска), Мирна Арсовска (Македонија), Душан Перчинков (Македонија), Кирил Геговски (Македонија), Серџо Парела (Аргентина-Англија), Феликс Брасје (Франција-Англија), Паоло Чампини (Италија), Мустафа Узбакир (Турција), Ѓорѓе Јовановиќ (Македонија), Владимир Симоновски (Македонија), Владо Ѓорески (Македонија) и група „Колегиум“ (Македонија).
Автори и куратори на изложбата се Биба Кајевиќ и Дејан Буѓевац. Изложбата се состои од дела изработени во разни медиуми како што се сликарство, цртеж, графика, фотографија, видео, инсталација, објект.
А.Б.