Во рудник за јаглен на северозападот на Кина, загинаа десет рудари, јави кинеската агенција Sinhua.
Оваа несреќа е на само една недела откако во експлозија на другиот крај на земјата загинаа 45 рудари.
Несреќите во кинеските рудници се многу чести.
Според официјалните податоци, во кинеските рудници за јаглен, минатата година загинале 1.973 луѓе, што е за 19% помалку отколку во 2010-та година.
Кина е најголем светски потрошувач на јаглен.