Што не смеете да му признаете на сопругот

Од:

Добро е да се биде целосно слободен и опуштен пред својот брачен партнер. Во ред е да му се кажат повеќето работи кои ги чувствувате и кои сакате да ги направите. Сепак, ова никако не значи дека би требало да му кажете се или што и да е.

Напротив, ако жената не внимава на зборовите, на својот животен партнер ризикува да му каже некои мошне грди вистини. Поради нив, сопругот веројатно ќе се налути и тоа, во екстремни случаи, може значително да го наруши вашиот однос.

Дури и кога од време на време ќе посакате да му кажете нешто негативно, кажете му го тоа на многу пристоен и нежен начин, токму како што и тој вам треба да ви ги соопшти таквите работи. Но, никогаш немојте да му го кажете следното:

Дека сте имале оргазам, иако не сте имале

Лажирањето оргазам и бегањето од вистината навистина може да го повреди. Лажењето никогаш не е добра идеја, особено кога се работи за нешто што е тесно врзано со сексуалната интимност. Ако само се претворате дека уживате во вашите интимни мигови и мислите дека на тој начин го штитите од болка, бидете свесни дека не сте во право. Вашиот сопруг добро ве познава и некогаш ќе сфати дека сте го излажале и дека спрема него сте биле неискрени, а тоа ќе го повреди многу повеќе.

Дека мислите оти е како неговиот татко или роднина, кој има лоши навики

Можеби мислите дека на тој начин ќе го поттикнете да се промени, но тој ова ќе го разбере како лично омаловажување и омаловажување кон членовите на неговото семејство, како и тоа дека го критикувате воспитувањето кое му го пружиле. Да, се работи за многу сериозна работа. Прескокнете ги навредите и автоматски префрлете се на разумно барање. Убаво замолете го, на пример, садовите да ги остави во кујната, а не насекаде низ станот. Со грд начин на однесување ќе го повредите неговото его и самодоверба.

Дека мислите оти треба да побара нова работа, за да може да се грижи за семејството

Секоја жена на своите деца сака да им го пружи само најдоброто и тоа е нормално. Пред да му кажете да најде нова работа, размислете и одредете зошто тоа сакате да го направи. Ако не ја сакате неговата работа затоа што премногу време поминува во канцеларија, кажете му дека ви недостига и дека сакате да поминувате повеќе време со него.

Не зборувајте му ништо за вашите бивши

Доволно е сопругот да знае дека и пред него сте имале партнери. Не мора да знае ништо повеќе од тоа. Постојат периоди кога и на мажот и на жената им недостигаат некои нешта кои ги правеле нивните поранешни љубови. Сите сме луѓе и тоа е сосема нормално. Одредено место или работа може да ве потсети на вашиот бивш, но никако немојте тоа да му го признаете на својот сопруг, оти во спротивно, во него ќе ги разбудите љубомората и сомнежот. Воопшто нема да му биде мило да слуша за забавните работи кои сте ги правеле со вашите поранешни момчиња. Заборавете го минатото, свртете го вниманието кон својот партнер и продолжете понатаму.

Немојте да преферирате некого од членовите на неговото семејство

Мажите се многу емотивни кога се во прашање нивните семејства, особено мајките. Ако не сакате некого од членовите на неговото семејство, никако немојте тоа директно да му го признаете.

Дека вашата мајка или татко понекогаш го критикуваат

Вашата мајка за некои работи може да го критикува вашиот сопруг, но тоа никако и никогаш не му го споменувајте. Ништо слично немојте директно да му признаете, во спротивно, ќе помисли дека и вие го критикувате зад грб.

Би можело да ве интересира

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Потресни зборови на Мадона по смртта на нејзиниот брат: Се обидов да го одржам во живот, тој имаше големи болки

Предраг Петровиќ

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Предраг Петровиќ

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ