Работи за кои мажите воопшто не мислат кога гледаат гола жена

Од:

Жените премногу се грижат како изгледаат голи во кревет и забораваат да се препуштат на чувствата, а што е уште поважно, мажите воопшто не размислуваат на такви работи за време на сексот.

За тоа што мажот никогаш нема да помисли или да го каже, открива сексологот Џоан Прајс. Според нејзиното долгогодишно искуство, жените се премногу оптеретени и постојано мислат на своите недостатоци.

Мажите за време на сексот никогаш нема да ги забележат или кажат овие работи:

1. Имаш многу брчки…
2. Би била поубава доколку изгубиш неколку килограми.
3. Во облека изгледаш помлада.
4. Повеќе ме привлекува поцврсто тело и поголеми гради.
5. Морам веднаш да одам, се сетив дека треба нешто да направам.

Наместо овие реченици, мажот прво ќе помисли колку е среќен што ќе има секс!

Прајс истакнува дека мажените жени забораваат како и нивниот партнер се променил во текот на годините, а она што го сакаат од сопругата е секс кој ќе биде една од главните причини за квалитетна врска или брак.

Исто така, таа советува дека наместо прашањето “Дали изгледам дебело?” жените треба да го прашуваат партнерот кој им е најсекси дел од нивното тело.

Мажот од друга страна, треба да има повеќе разбирање за женската несигурност и на глас да каже ако мисли дека некој дел на партнерката му е особено привлечен. Малите комплименти можат да ѝ помогнат на жената да се чувствува посекси и посигурна во креветот.

Би можело да ве интересира

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Потресни зборови на Мадона по смртта на нејзиниот брат: Се обидов да го одржам во живот, тој имаше големи болки

Предраг Петровиќ

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Предраг Петровиќ

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ