Пет лица од Скопје добија кривични пријави од полицијата. По прегледување на видео материјалите кои ги снимаат од МВР утврдиле дека лицата Б.Н.(30) и З.М.(30) од Аеродром, Д.З.(35) од Бардовци, Д.П.(38) од Ѓорче Петров и Д.Н.(19) од Стајковци сториле кривично дело „Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“.
Казната предвидена во кривичниот закон за вкаво дело изнесува од 3 месеци до 3 години, додека за водачот на толпата предвидената казна затвор изнесува од 5 месеци до 5 години.
Според МВР, против Д.П.(38) во периодот од 1996 година до 2010 година, се поднесени 4 кривични пријави и тоа за „самовластие“, „загрозување со опасно орудие“, „учество во толпа“ и „тешка кражба“. Против Д.Н.(19) минатата година е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „Насилство“.
Осомничените во текот на денов ќе бидат изнесени пред надлежен Јавен обвинител.