Помошник-генералниот секретар на ОН, Иван Шимоновиќ, на седница на Советот за безбедност на Светската организација изјави дека во последните неколку недели на насилство во јужна и источна Украина загинале најмалку 127 лица.
Како што пренесуваат американските медиуми, Шимоновиќ појасни дека ситуацијата и натаму се влошува и дека „оружјето се користи се повеќе и повеќе“.
Високиот претставник на ОН предупреди дека немирите во источниот дел на Украина предизвикале бран од бегалци.
– Засега како бегалци официјално се регистрирани околу 1.000 лица, но реалната бројка веројатно е многу поголема, посочи Шимоновиќ.
Тој ги критикувашр неодамнешните случаи на киднапирање и заплашување на членови на избирачки комисии, потенцирајќи дека тоа „многу ќе ги усложни“ претседателските избори во недела.