Државјанин на Македонија е во критична состојба во болницата во Крагуевац, откако утрово се превртел со камион на автопатот Скопје – Ниш, во близина на местото Лапово.
Како што пренесоа српските медиуми, станува збор за кавадарчанец чиј камион се превртел на автопатот, а спасувачките екипи успеале да го извадат дури по двочасовна акција, во која учествувале и пожарникари.
http://www.youtube.com/watch?v=vuz_hEGiub8
Камионот бил целосно уништен, а тешко повредениот возач бил префрлен во клиничкиот центар во Крагуевац.
Портпаролката на клиничкиот центар, Вања Ѓорѓевиќ, за српските медиуми појаснид дека кавадарчанецот бил донесен со тешки повреди и дека лекарите морале да му ја ампутираат левата рака.
Причината за несреќата било ненадејното пукање на гума од камионот.