Украина е подготвена за нови женевски преговори во форматот Укрина-САД-ЕУ-Русија, изјави денеска украинскиот премиер Арсениј Јацењук, пренесува ИТАР-ТАСС.
– Украина е подготвена за средба Женева-2 во формат Украина-САД-ЕУ-Русија, но прво треба да знаеме за што ќе разговараме, а не само колку да организираме средба, истакна Јацењук.
Украинскиот премиер нагласи дека Украина сега не гледа односи со Русија на билатерална основа. Преговорите треба да се водат со учество на европските партнери.