Украина: Ахметов ги обвини сепаратистите дека ги заплашуваат со оружје работниците да не протестираат

Од:

Најбогатиот Украинец денеска се зарече дека ќе продолжи битката против сепаратистите, откако проруски бунтовници во градот Доњецк, во источна Украина, најавија дека ќе го национализираат неговиот имот, јави ДПА.

Рударско-металуршкиот магнат Ринат Ахметов изјави дека уште луѓе ќе се изјаснат против сепаратистите, обвинувајќи ги дека се однесуваат како дивјаци. – Тие се натрапници, што го земаа целиот регион Донбас за заложник и го тероризираат, истакна Ахметов во видео-запис, објавен од неговата компанија со седиште во Доњецк.

Ахметов ги обвини сепаратистите дека ги спречил неговите работиници масовно да излезат на протести, по неговиот вчерашен повик. – Знам дека многу повеќе сакаа да протестираат, но беа заплашувани со пиштоли и автоматски пушки, истакна тој.

Олигархот Ринат Ахметов се смета за највлијателен човек во Украина. Тој неочекувано застана зад властите во Киев на почетокот на неделата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми