„Коха“: Ангел е убиен во самоодбрана

Од:

Членовите на семејството на Насер Е. и адвокатот Рубин Двојаков тврдат дека оружјето со кое е убиен Ангел Петковски всушност му припаѓало на убиениот и неговиот татко.

– Тоа е и причината што осомничениот Насер сам се предал на полицијата – тврди адвокатот Двојаков.

Rubin_Dvojakov_319808408Оваа различна верзија од официјалната на МВР за трагичното убиство во Ѓорче Петров ја пренесува весникот на албански јазик „Коха“. 

Според адвокатот, вистината за случајот не одговара на она што е досега кажано од страна на полицијата и вели дека е пологично она што го раскажува 19-годишниот Насер.

Осомничениот на адвокатот му раскажал дека попладнето отишол со намера да го украде велосипедот, но негира дека имал нож. Според осомничениот, тој бил нападнат од страна на жртвата и неговиот татко.

– Доказ дека Насер бил нападнат се тешките повреди на главата, ја пренесува изјавата на адвокатот Двојаков весникот „Коха“.

Според адвокатот Насер го убил Ангел во самоодбрана. Таткото и синот со бејзбол палка и нож го бркале Насер, таткото не успеал да го стигне, а Ангел наводно го нападнал со нож. Насер во тепачката успеал да му го земе ножот и да му нанесе повреди.

Како доказ за оваа верзија на адвокатот и на семејството на осомничениот за убиството се тешките повреди на главата и рамото, кој што се нанесени со бејзбол палка.

Семејството изјавува дека Насер немал намера да го краде велосипедот, бидејќи досега ништо не украл и немал проблеми со полицијата.

Би можело да ве интересира

Ниту една казна не може да ни го надомести синот, изјавија родителите на убиениот Ангел Петковски

Ана Ололовска

Тринаесет години затвор за обвинетиот во случајот со убиството на Ангел Петковски

Ана Ололовска

Судот го прифати предлогот на одбраната да има реконструкција на случајот Ангел Петковски

Ана Ололовска

14 години затвор за убиството на Ангел од Ѓорче Петров

Ана Ололовска

Обвинетиот за убиството на Ангел Петковски бил свесен за извршеното дело

Емир Латифовиќ

Конфузни изјави на сведоците за убиството на матурантот Ангел

Емир Латифовиќ