Во Ѓорче Петров е мирно, сообраќајот се одвива непречено

Од:

Во скопската општина Ѓорче Петров утрово е мирно, а сообраќајот се одвива непречено, по протестите што вчера започнаа по 17 часот, во знак на револт за убиениот матурант Ангел Петковски, а беа организирани преку социјалните мрежи.

Вкупно 27 лица се приведени по протестите во општина Ѓорче Петров организирани по убиството на 18-годишниот матурант. Од нив, 16 се приведени во полициската станица во Кисела Вода, а 11 во полициската станица во Карпош и по документирањето на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Полицијата синоќа потврди дека протестите поминале без посериозни инциденти и поголеми нарушувања на јавниот ред и мир.

– Досега нема пријавено повредени лица згрижени во ниту една болница, ниту пак имаме добиено некакви пријави за настаната поголема материјална штета, изјави синоќа портпаролот Иво Котевски.

Тој информира дека за време на протестите во неколку наврати биле фрлани камења и метални предмети кон полицијата и оти досега имаат сознанија за неколку повредени полицајци и за неколку оштетени полициски возила, но како што рече, поточни информации ќе имаат откако полициските службеници ќе се вратат од терен.

– Во моментот привршуваат протестите така што полицијата сеуште е распоредена. Очекуваме по целосното завршување на протестите и повлекувањето на лицата кои протестираа, да се повлече и полицијата, рече Котевски.

Од полицијата апелираат до граѓаните да не подлегнуваат на никакви провокации и да не дозволат да бидат вовлечени во поголеми инциденти.

– Апелираме и медиумите да работат строго професионално и да не објавуваат непроверени и неточни информации кои можат да нанесат непроценлива штета со оглед на ситуацијата во која се наоѓаме, рече Котевски.

Според полицијата, на протестите биле присутни главно млади лица од 15 до 18 години, членови на различни навивачки групи. Дел од лицата носеле фантомки на главите, безбол палки и стапови.

Би можело да ве интересира

Ниту една казна не може да ни го надомести синот, изјавија родителите на убиениот Ангел Петковски

Ана Ололовска

Тринаесет години затвор за обвинетиот во случајот со убиството на Ангел Петковски

Ана Ололовска

Судот го прифати предлогот на одбраната да има реконструкција на случајот Ангел Петковски

Ана Ололовска

14 години затвор за убиството на Ангел од Ѓорче Петров

Ана Ололовска

Обвинетиот за убиството на Ангел Петковски бил свесен за извршеното дело

Емир Латифовиќ

Конфузни изјави на сведоците за убиството на матурантот Ангел

Емир Латифовиќ