Со димни бомби односно флеш бомби полицијата ги растерува насобраните во Ѓорче Петров кои протестираа за убиството на Ангел Петковски.
Полицијата употребува и пендреци за да ги расттури демонстрантите кои ја блокираа главната улица во Ѓорче Петров, кон пак фрлаа со лименки, шишиња и други предмети од контејнерите кон полициските сили.
Дел од демонстрантите по ова се разбегаа по споредните улици, но повторно стотина кои се вратија и ги запалија контејнерите. Обрач од полиција има и во споредните улици.
Претходно полицијата и со вода ги растеруваше демонстрантите, а целата улица е во чад од запалените контејнери и флрлените флеш бомби.