Концерт на харфистката Мерсиха Шукри на фестивал во Загреб

Од:

Харфистката Мерсиха Шукри на 24 мај ќе одржи концерт во Загреб, во рамките на Вториот интернационален фестивал на харфа.

Настапот на кој македонската харфистка ќе биде придружувана од Мандолинскиот оркестар „Скопје“, ќе биде и завршниот концерт на овој фестивал.

На програмата, освен дела од Бах, Вивалди, Рахмањинов, Ордуљ, ќе бидат застапени и дела од повеќе македонски автори.

Со концертот на Мерсиха Шукри ќе биде одбележан и Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“.

Би можело да ве интересира

Доаѓа документарен филм за Елтон Џон: „Приказната што досега не била раскажана“

Предраг Петровиќ

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ