Се враќа довербата во ЕУ

Од:

Според податоците од последната спроведена анкета, кај граѓаните од Европската унија се враќа довербата во европските институции.

Позитивно мислење за ЕУ имаат 40 % од граѓаните, додека минатата година тој процент едвај надмина 30 % се вели во соопштението на „Евробарометар“.

Истовремено, процентот на граѓани кои веруваат дека ЕУ е „добра работа“ се зголемил во текот на истиот период од 47% на 50 %.

Анкетата направена на повеќе од 26.000 испитаници од вкупно 27 земји-членки, покажа дека луѓето најмногу доверба имаат во Европскиот парламент, додека многу помал број позитивно ја оцениле работата на Европската комисија и Советот.

Повеќе од половина од Европејците (54 проценти) мисли дека нивниот глас не влијае на политиката што се спроведува во Брисел, со која се потврдува хипотезата за „демократскиот дефицит„ во ЕУ.

Граѓаните истакнале дека главниот приоритет на ЕУ во иднина треба да биде создавање на нови работни места.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он