Во општината Ѓорче Петров претпладнево е мирно, а сообраќајот е нормализиран и се одвива непречено по синоќешните немири предизвикани по убиството на Ангел Петковски, информира СВР Скопје.
Советот и градоначалникот на општина Ѓорче Петров изразија жалење за убиеното момче во близина на Европската очна клиника, но и загриженост за подигнатите тензии.
Од општина Ѓорче Петров ги повикуваат надлежните институции на Република Македонија, а посебно Министерството за внатрешни работи да ги превземаат сите нопходни мерки од нивна надлежност за враќање мирот и безбедноста, и заштита на животот и имотот на граѓаните.
– Советот и Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, ја разгледаа безбедносната состојба во општината настаната по извршеното убиство на жител на општина Ѓорче Петров, при што изразија жалење за изгубениот млад живот, но и загриженост за подигнатите тензии. Од општината апелираат до граѓаните да се воздржаат од било какви активности спротивни на закон и да делуваат врз било какви изливи на насилство, се вели во писменото соопштение до медиумите.
Ангел П. роден 1995 година вчера околу 17:15 часот е убиен во близина на Европската очна клиника во Ѓорче Петров.
Како што информира МВР, убиството е веќе расчитено, а убиецот Насер Е. е приведен.
Убитвото се случи откако Насер Е. влегол во куќата на убиениот Ангел и украл велосипед. Тоа го забележале Ангел и татко му поради што Насер Е. почнал да бега.
Потоа Ангел и татко му со возило почнале да го бркаат, а кога се доближиле кај насипот на Вардар продолжиле да го бркаат пешки. Ангел прв го стигнал при што дошло до физички контакт меѓу нив во кој бил смртно повреден со нож.