Украинското Министерство за одбрана соопшти дека во антитерористичката операција уапсени се „терористи кои планирале“ напад врз воениот аеродром во Краматорск.
Борбите меѓу проруските сепаратисти и украинските безбедносни сили продолжија и во текот на ноќта во градови Краматорски и Славјанск.
– Терористите продолжија со артилериски оган врз позициите на украинските војски во Славјанск, изјави лидерот на групата „Информативен отпор“ Дмитриј Тимчук.
Жителите на Славјканск и на Краматорск на социјалните мрежи објавија дека вчера се воделе борби во градовите и оти било прекинато снабдувањето со гас, електрична енергија и вода.