Новата цел на Пентагон: фризурите на црните жени

Од:

Армијата на САД има строги правила за изгледот на нејзините членови, дури и во однос на чадорот кој можат го носат. Но кога неодамна беа издадени нови правила за фризурите, армијата се соочи со отпор од црните жени, кои рекоа дека е тоа навредливо и пристрасно.

Сега секретарот за одбрана на Сад, Чак Хејгел, одговори на зовриената дебата. Во вторникот тој нареди ревизија не само на политиките за фризурите во армијата, туку и во морнарицата, кај маринците и во воздушните сили. Тие имаат три месеци рок да истражат дали фер се применуваат и за црните жени. Во рок од 30 дена, тие мора да го сменат сите навредливи упатства.

Дебатата почна минатиот месец, кога армијата објави надградени упатства за потстрижување, во кој има дзволени и недозволени фризури и за мажите и за жените. На пример, мажите не смеат да носат бекенбарди кои одат под линијата на реската на увото, и не смеат да бидат стилизирани во остар шпиц. Ниту пак главите маж смеат да ги бричат во форма на „писта за слетување“.

За жените, фризурите не смеат да бидат ексцентрични или распуштени, и треба да имаат конзервативен, професионален изглед. Тоа значи дека долгите коси, на пример, мора да бидат назад собрани, но не смеат да бидат подолги од седум сантиметри под главата, и ластикот или шнолата мора да бидат во иста боја како и косата.

Шишките не смеат да бидат подолги од линијата на веѓите, и мора да бидат во рамна линија, без цик-цак или искривени линии. Не се дозволени никакви фризури кои нема да се совпаѓаат со воената опрема за на глава. Најстрого се забрануваат „светкави додатоци“ и беретки со „пеперутки, цветови или ѕвездички“, а пони опавчињата се во ред само за време на обуките.

Но токму тука правилата не соодветствуваат за некои жени: фризури кои се сметаат за „претерани и запуштени“ и оттука не се дозволени, вклучувајќи и коса вплеткана како јажиња и плетенки кои не се во иста линија, и „дредлокси“ – кои многумина ги дефинираат како „згужвани, извртени или сплеткани сајли или јажиња од коса (или продолжетоци)“. Плетенки и шишки кои се „заплеткани или извртени“ не се дозволени.

Некои жени се разочарани од овие правила

Џесмин Џејкобс за Милитари тајмс рече дека не знае што да прави со нејзината коса по овие нови правила. „Разочарана сум кога гледам дека армијата наместо да прифати како црните луѓе ја носат косата, тие се држат за белите правила“, рече таа за онлајн армиското издание.

Од армијата велат дека правилата биле ревидирани со црните членки, меѓу кои и со афроамериканските жени.

Но според мислењето на Џејкобс, правилата се „на расистички наклонети и очигледен е недостигот на почит кон етничкиот изглед на косата“. Џејкобс рече дека стилизираната коса во пунџа е опција за црните жени во армијата кои се на терен.

Ајана Брд и Лори Шарпс, авторки на книгата „Приказна за косата: Отплеткување на корењата на црната коса во Америка“, неделава напишаа колумна во Њујорк Тајмс тврдејќи дека Америка отсекогаш имала проблеми со црната коса, а армијата е последниот пример за тоа.

– Сегашната политика е еднаква на црно мнозинство во војската да им кажува на илјадници бели војници дека од нив се бара да имаат дредлокси или афро-фризури, напишаа тие.

На петиција испратена до веб страната на Белата куќа, која ја започнаа Џејкобс, се бара правилата да бидат ревидирани. Таа собрала околу 17,000 поддржувачи, но недостасуваат уште 100.000 кои се потребни за да добијат официјален одговор.

Но овој проблем го привлече вниманието во црните жени во Конгресот. Шеснаесет од нив потпишаа писмо кое го испратија до Хејгел на 10 април, во кое го повикуваат да повтрно да размисли за донесените стандарди.

„Навредлив и пристрасен“ однос

– Од афроамериканските жени често се бара да се придржуваат до неразбирливи норми поврзани со прифатливи стандарди на фризури на работното место, стои во петицијата.

– Со профаќањето дека овие стандарди можат да направат пресврт во оригиналните и практични потреби на секоја заедница… Веруваме дека најновите правила на војската и начинот на кои се напишани, ја промашуваат реалноста“.

Зборовите „заплеткани“ и „запуштени“ во однос на традиционалните фризури кои ги носат обоените жени, се „навредливи“ и „пристрасни“, му напишаа жените на Хејгел. Тоа создава впечаток дека жени со извесен стил на носење на косата не се придржуваат професионално на правилата, а тоа е знак за недостиг на културна чувствителност, стои во писмото.

Излегува дека Хејгел ги слушна жените и нареди ревизија на правилата за да овозможи „политиките да бидат фер и со почит за нашите разновидни членови на воените сили, но истовремено и да ги остварат барањата од нашата воена служба“, им изјави на новинарите во средата портпаролот на Пентагон, заднинскиот адмирал Џон Кирби.

Брзиот одговор на Хејгел предизвика почит кај Марсиа Фуџ, претседател на црните жеии во Конгресот, која за Њујорк тајмс го пофали дека покажал посветеност сите лица да се чувствуваат добредојдени во воената служба. И конгресменките кои го потпишаа писмото се задоволни – барем засега – но оваа приказна се уште не езавршена.

– Задоволна сум што секретарот одговори во исправен манир, рече преставничката Барбара Ли во истиот текст. Но додаде и дека „треба да бидеме истрајни се додека не го добиеме конечниот заклучок“.

Би можело да ве интересира

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Потресни зборови на Мадона по смртта на нејзиниот брат: Се обидов да го одржам во живот, тој имаше големи болки

Предраг Петровиќ

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Предраг Петровиќ

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ