Владата на Република Српска донесе одлука за прогласување на вонредна состојба. Премиерката Жељка Цвијановиќ изјави дека оваа одлука значи и нов режим на однесување и функционирање во РС, се додека не се стабилизира состојбата предизвикана од стравотните поплави.
-Апелирам сите граѓани, институции, установи и компании да се однесуваат согласно оваа одлука-наведе таа, по седницата на Штабот на владата на РС за вонредни состојби. Цвијановиќ нагласи дека не може да зборува за штети, но сигурно ќе бидат големи и веројатно ќе бидат потребни години за нивна санација.
Е.Г.