Дешчица: Излез од кризата е децентрализација, а не федерализација

Од:

Излез од кризата во Украина се можно со децентрализација на власта, при што на регионалните влади ќе им се префрлат многу надлежности. Тоа го изјави украинскиот министер за надворешни работи Андриј Дешчица за германски Велт.

– Решението за проблемот би можело да биде децентрализација со предавање голем број надлежности на органите на локална самоуправа и поголеми права за регионите, изјави тој.

Според него, федерализацијата на Украина би предизвикала поделба на државата. Тој бара од Западот нови санкции спрема Русија за да престане таа држава да се меша во работите на Украина. Ја потврдува позицијата на Киев за меѓународни мировни преговори на кои нема да им биде дозволено присуство на сепаратистите и бара Германија да има потврда позиција спрема Русија.

Дешчица во вторник ќе биде во посета на Германија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми