Босанскиот град Маглај ја добива битката со водената стигија, а тоа се гледа на фотографиите кои ги објави Хајат телевизија.
Граѓаните излегоа на улиците и несебично, хумано и храбро помагаа едни на други.
Водостојот на реката Босна е се понизок, а на радост на сите нема информации за жртви во градот иако Маглај беше еден од најкритичните градови во Босна.