Доколку жената е целосно среќна и задоволна во емотивната врска, тогаш воопшто нема да ја интересира друг маж, покажуваат резултатите од најновото истражување.
Мажите, кои се во долги врски можат да се опуштат, бидејќи резултатите од најновото истражување говорат за тоа дека жените, кои се среќни во своите врски нема да обрнуваат внимание на други, привлечни мажи.
Имано, зафатените жени тогаш се концентрираат на негативите страни и карактеристики на другиот привлечен маж. Со самото тоа тој маж нема да биде предмет на нивното интересирање.
Истражувањето покажа дека и жените, кои се задоволни од својата врска нема да бидат привлечени од физичкиот изглед на друг маж.
Работите се поинакви кога партнерката не е задоволна од моменталната врска. Тогаш ќе ги забележи сите позитивни карактеристики кај другиот маж.