Граѓаните на БиХ на покриви чекаат хеликоптери и чамци

Од:

Ситуацијата во Маглај во Босна и Херцеговина, каде има големи поплави е драматична, бидејќи реката Босна практично тече низ градот, а беспомошни граѓани на покриви од куќи чекаат спас, јавуваат локалните медиуми.

Водата навлегува во домовите на локалните жители кои очекуваат хеликоптери на армијата на БиХ за да ги спасат од поплавените куќи.

– Водата е над сообраќајните знаци. Автомобилите веќе не се гледаат, водата навлегува и во првите катови од зградите. Немаме струја, телефоните не работат, отсечени сме од светот…Состојбата е алармантна, изјави Мехмед Мустабашиќ, градоначалник на Маглај.

Локалните медиуми јавуваат дека „Маглај е веќе езеро над кое се се гледаат само станбени објекти“.

Министерот за внатрешни работи на РС Радислав Јовичиќ нареди ангажирање на специјалците на МВР на РС со чамци да се пробијат до жителите на Добој.

Ќе биде ангажиран и нуркачки клуб кој ќе помага во спасувачките операции во тој град.

Добој е буквално блокиран поради поплавите и поради тоа во градот е прогласена вонредна состојба.

Би можело да ве интересира

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Босна и Херцеговина ги укинува визите за илегалните мигранти кои доаѓаат под маската на странски работници