Поплави во БиХ, во Хрватска „црвена тревога“

Од:

Поради поплави, граѓани ширум БиХ минаa тешка ноќ, дождот не престанува да врне поради што е свикана итна седница на Претседателството на БиХ на која е донесна одлука за ангажиурање на оружените сили за помош во спасување на луѓе и заштита на имоти.

Бројни станбени и бизнис објекти се поплавени како и земјоделски површини. Најтешка е ситуацијата во Тузланскиот и Сараевскиот кантон.

Во текот на ноќта критична стана и ситуиацијата во Зеница и Добој. Според извештаи од Добој, реката Босна во тој град е со ниво над шест метри. Во Сараево и на Илиџа поплавени се повеќе од 100 куќи. Реката Миљацка во Сараево е со ниво над три метри што е рекорд.

Евакуација на население има во општините Зеница, Олово, Маглај, Завидовиќи, Добој-југ и Какањ. Маглај е под вода – сите приоди кон граедот се затворени. Вонредна состојба е и во Република Српска.

Поради поплавите исклучени се голем број електроенергетски објекти, а откажана е наставата во голем број училишта. Водостојот на реката Босна кај Зеница е над пет метри – досега нерегистрирано ниво, и е закана за населбите долж реката.

Во Хрватска поради неповолните временски прилики Метеоаларм издаде предупредување за речиси целата држава заради поројни дождови и повремена појава на бури. За северозападниот и источниот дел од државата објавено е црвено, највисоко ниво на тревога. Уште од синоќа силна бура имаше во Сплит, во Макрска, трогир и во Комижа.

Би можело да ве интересира

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Босна и Херцеговина ги укинува визите за илегалните мигранти кои доаѓаат под маската на странски работници