Властите на Доњецк побараа од кивеските сили да се повлечат во рок од 24 часа

Од:

Самоодбранбените сили на Доњецк им поставија ултиматум на воените сили на Киев да се повлечат од регионот во рок од 24 часа, во спротивно ќе ги блокираат нивните позиции во Доњецката област, а украинските сили ќе бидат протерани со сила.

– Им давам 24 часа да ги повлечат сите сили, изјави вчера заменик-командантот на Народната милиција на Донбас, Сергеј Здрилијук.

Според него, специјалните командни единици ќе почнат да оперираат во тие области, доколку украинските оклопни возила не се повлечат и не ги напуштат контролните пунктови.

– Доколку оклопните возила не се повлечат, а блокадите на т.н. легитимни власти на патиштата не се отстранат, ќе имам доволно овластувања и средства – командантот денеска ме поддржа да уништам и запалам се. Извидувачките и саботажните групи се подготвени за акција, а некои се мошне силни, изјави Здрилијук.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми