Лавров: Украина е на работ од граѓанска војна

Од:

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска изјави дека Украина е на работ од граѓанска војна, што го отежнува одржувањето на слободни и фер претседателски избори на 25 мај.

– Кога Украинци убиваат Украинци се смета дека е блиску граѓанската војна. Во источниот и во јужниот дел на Украина има вистинска војна со тешко оружје. Ако тоа е погодно за слободни и фер избори, тогаш не знам што значи фер и слободно, истакна Лавров.

Тој оцени дека проруските сепаратисти треба да се вклучат во разговорите за „национално единство“, кои денеска почнаа во Киев. На разговорите учествуваат поранешни украински претседатели, актуелни украински владини претставници, пратеници, верски лидери и академици.

Тркалезната маса за „национално единство“ е прва во низата на планирани средби и се одржува по препорака на Организацијата за безбедност и соработка во Европа и се одвива без претставници на источните региони во Украина.

– Не знам кој точно учествува на тркалезната маса во Киев. Убедени сме дека за да биде успешен националниот дијалог, апсолутно е неопходно сите региони во Украина, не само јужните и источните, туку и западните рамноправно да учествуваат, посочи Лавров.

Во Украина за 25 мај се закажани предвремени претседателски избори.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми