Владата на Украина ќе почне разговори за давање поголеми овластувања на регионите

Од:

Владата на Украина ќе почне разговори денеска за давање поголеми овластувања на регионите, според мировниот план на ОБСЕ, но на разговорите не ги повика проруските сили кои прогласија независност во два источни региона во државата.

На Тркалезната маса на национално единство ќе учествуваат в.д. претседателот и премиерот на Украина, Александар Турчинов и Арсениј Јацењук, поранешните претседатели на Украина, Леонид Кравчук и Леонид Кучма, членови на министерскиот кабинет, пратеници во Врховната рада, кандидати за претседтелски избори, раководители на обласни администрации и претставници на цивилниот сектор.

Според Гласот на Русија, на дневен ред се пет теми – уставна реформа, децентрализација на власта, борба против корупцијата и економска и хуманитарна политика.

Русија силно ги поддржува патоказите од Швајцарија како претседавач со ОБСЕ, додека Украина е прилично воздржана за тој план, за кој американски официјални претставници сметаат дека има малку изгледи да успее.

Според планот на ОБСЕ од сите страни во судирите се бара прекин на насилствата, амнестија за бунтовниците, како и отпочнување разговори за децентрализација и статусот на рускиот јазик.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми