Украинскиот пратеник Олег Царов ќе подготви федеративен договор за Доњецката и за Луганската народна република, се вели во резолуција објавена денеска на координацискиот совет на движењето Југоисток.
Според документот, Олег Царов ќе предводи работна група која ќе подготви проект на договор за „обединување на Доњецката и Луганската народна република во една држава – Федеративна република Новорусија“.
Во резолуцијата се додава дека подоцна ќе се работи на пишување Устав на новата држава, како и механизам за примање нови субјекти во федерацијата.