Киев не сака „Женева-2“ додека не се спроведе договорот од „Женева-1“

Од:

Киев не гледа потреба од одржување нова средба за украинската криза или „Женева-2“, се додека не биде спроведен договорот постигнат меѓу ЕУ, САД, Русија и Украина на 17 април на средбата во Женева, изјави денеска портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи, Евгениј Перебејнос.

Како што јави ИТАР-ТАСС, изјавата на Перебејнос уследи откако претпладнево украинскиот премиер Арсениј Јацењук изјави дека Киев се залага на евентуланата нова средба за надминување на украинската криза да присуствуваат само претставници на ЕУ, САД, Русија и Украина.

Ваквиот став на Киев е со спротивност со барањето на Русија, која предлага на новата средба за надминување на кризата да учествуваат и претставници на „украинските региони“.

Договорот од Женева предвидува разоружување на илегалните вооружени формации, ослободување на сите заземени згради од страна на демонстрантите, нивна амнестија и започнување сеукраиснки дијалог за национално помирување.

Во меѓу време, руското Министерство за надворешни работи повика во најскоро можно време да започне спроведувањето на планот на ОБСЕ за излез од кризата во Украина.

– Како што се предвидува во планот од клучно значење е да прекине насилството, што подразбира итно запирање на казнената операција на Киев во југоисточниот дел на земјата. Треба да бидат деблокирани населените места и да да бидет повлечени регуларната армија и другите вооружени формации, вклучително и силите на „Десниот сектор“ и платениците, се наведува во соопштението на Министерството.

Според Москва, доколку се спроведе планот на ОБСЕ, кој како што се истакнува во соопштението, предвидува и ослободување на политичките затвореници и прекин на „заплашувањето на населението со употреба на сила“, тогаш и „лидерите на самоодбраната во Донбас и Луганск ќе одговорат соодветно“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми