Самопрогласениот „народен гувернер“ на Луганската Област, Валериј Болото денеска е полесно ранет од огнено оружје при обид за атентат врз него, соопшти прес-центарот на т.н. „Луганска Народна Република“.
Како што јави ИТАР-ТАСС, Билотов е хоспитализиран и е вон животна опасност.
– При нападот извршен околу 11 часот по локално време (10 часот по средноевропско време), гувернерот се здоби со лесни повреди и е жив и здрав, соопшти портпаролот на проруските сепаратисти во Луганск, Василиј Никитин.