ЕУ-автобусот денеска меѓу жителите од Општина Чашка

Од:

Жителите на Чашка, Велешко, посебно најмладите и учениците пројавија голем интерес за ЕУ-автобусот, кој денеска ја посети нивната Општина.

Роберт Лидел од Делегацијата на ЕУ во Македонија кој го предводеше ЕУ-тимот, се сретна и разговараше со градоначалникот на Чашка, Горанчо Пановски, како и со жителите на оваа општина и одговараше на нивните прашања. Тој, меѓу другото, ги информира за можностите како да добијат финансиска поддршка од ЕУ-фондовите.

Според него, ова е многу важен настан, бидејќи граѓаните директно се запознаваат со ЕУ, за тоа како се врши пристапувањето кон ЕУ, и како можат да ги користат фондовите на Унијата за развој на општината.

– Ќе им објасниме на граѓаните како можат да аплицираат. Можеби сега не се чувстуваат парите кои се добиваат од ЕУ, но од тие средства придобивки имаат сите. Децата се најбитните. Тие ќе пораснат и во иднина тие ќе ги носат одлуките и затоа е битно да се вложува во нивното образование. Многу битно е да се образувуваат надвор од земјата, но битно е и да вратат назад и да го применат стекнатото знаење за развој на сопствената држава, истакна Лидел.

За  градоначалникот Пановски, соработката со ЕУ е од исклучително значење за Македонија, а исто така и за општината затоа што постојат многу можности како да се користат фондовите и да се подобри животот на граѓаните.

– Руралните средини во ЕУ се доста развиени и сметам дека доколку ни се помогне и нам до времето кога Македонија ќе влезе во ЕУ ќе можеме и ние да имаме такви современи рурални средини. Досега сме задоволни од средствата кои ги добиваме од фондовите како општина, затоа што успеавме да ја подобриме инфраструктурата во одредени делови во општината, но и понатаму ќе работиме со цел да ги подобриме условите за живот, рече градоначалникот Пановски.

ЕУ-информативниот автобус, кој во рамки на проектот „ЕУ одблизу“ веќе трета година по ред се реализира во Македонија, овозможува на локалното население да се запознае со ЕУ, но и европските амбасадори да прошетаат и да ја запознаат Македонија.

Општина Чашка е првата од десетте рурални населени места каде оваа година ЕУ-автобусот ќе пропатува. Според програмата, до 23-ти мај со кампањата ќе бидат посетени и Центар Жупа, Ростуше, Новаци, Јосифово, Шемшево, Истибања, Студеничани, Старо Нагоричане и Зрновци.

Би можело да ве интересира

Медведев: Русија ќе ги гони европските дегенерици кои се обидуваат да ги запленат нашите средства

Фон дер Лајен: Иднината на Западен Балкан е во Европската Унија

Горан Наумовски

Трамп бара од ЕУ да ги зголеми царините за Индија и Кина на 100 отсто

Калас: Путин нема да застане освен ако не биде принуден

Орбан: Европа мора да оди во Москва за безбедносен договор со Русија

Борел, Верхофштат и Руиз Девеса: Европа станува вазал на Америка