Експлозија одекна денеска во една деветкатна станбена зграда во јужноукраинскиот град Николаев, јави ИТАР-ТАСС.
Од експлозијата се предизвикани оштетувања на трите последни ката на зградата, но засега нема инфромации за загинати или повредени.
Во реонот околу зградата пристигнале спасувачки екипи и припадници на противпожарната единица.
Причините за експлозијата засега не се познати, но се претпоставува дека таа е предизвикана од истекување на гас.