Јанукович бара Киев да ја повлече армијата од источна Украина

Од:

Поранешниот украински претседател Виктор Јанукович денеска ги повика властите во Киев да ги повлечат војниците од регионите на Донњецк, Луганск, Одеса и другите делови на Источна Украина и „да го запрат насилството над сопствениот народ“.

– Ве повикувам да застанете, нагласи Јанукович, додавајќи дека „киевската убиствена хунта досега убила над 300 мирољубиви граѓани на Украина“.

Јанукович нагласи дека огромно мнозинство од жителите на реонот на Донбас излегле на референдумите и го дале својот глас „за секаква друга форма на државност, само не таква во која сопствените граѓани ќе може неказнето да се нарекуваат терористи и неказнето да се убиваат“.

– Цел свет виде колку луѓе излегоа на референдумите. Вие можете да ги игнорирате резултатите, но ниту вие, ниту Европа, ниту некои други држави не можете да тврдите дека има терористи и да водите војна против сопствениот народ, потенцира Јанукович.

Како што јави ИТАР-ТАСС тој нагласи дека признава оти направил стратешки грешки за време на неговиот мандат, но нагласи дека е длабоко убеден оти „ниту моќта, ниту кариерата, ниту финансискиот успех, не можат да бидат повредни од човечки живот“.

Во реонот на Домбас, кој ги опфаќа регионите на Доњецк и Луганск, вчера се одржаа референдуми за самоопределување на кои според податоците на проруските сепаратисти, кои го организираа изјаснувањето, огромно мнозинство од живтелите се изјасниле позитивно.

Според комисијата во Доњецк, за самоуправување се изјасниле 89 проценти од гласачите, додека десет отсто биле против. Во Луганск, пак, 96 проценти биле за, а нешто над три отсто се изјасниле против.

Руските сепаратистички власти во овие региони најавија дека сега нема никаква основа за учество на украинските претседателски избори што се закажани за 25 мај.

Потпаролот на прес-службата на проруските регионалните власти во Луганск, Василиј Никитин нагласи дека не е исклученио сега да бидат организирани и референдуми за присоединување на самопрогласената „Луганска Народна Република“ кон Русија.

– Ако донесеме такво решение, тогаш ќе ја земеме предвид волјата на народот, истакна Никитин.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми