Американскиот гигант „CNN“, во свој нов извештај го преформулира светот на доста необичен начин. Имено, источните делови на Украина се прикажани неколку стотици километри подалеку, односно во Пакистан.
По грешка, стрелката со украинско знаме завршила подалеку, до Јужна Азија, но гледачите на „CNN“, бргу ја забележале.
Ова не е прв пат „CNN“, да направи вакви грешки. Минатата година овој гигант го смести Хонг Конг во Јужна Америка, а пред тоа ги разлути гледачите откако Лондон го стави во Норфолк.
Е. Г.