Обесен началникот на милицијата на Мариупољ

Од:

Началникот на милицијата на Мариупољ Валериј Андрушчук е пронајден обесен на дрво, близу локалното летувалиште, соопшти раководителот на Народниот фронт во Луганската област Алексеј Чмиленко, дополнувајќи дека тоа е најверојатно дело на гневни жители на градот.

Тој потсети дека на 9 мај Андрушчук стрелал со пиштол кон мирните жители на Мариупољ, собрани на митинг заради Денот на победата. – Се разбира, може да се претпостави и дека Андрушчук не го издржал моралниот притисок и сам се обесил, дополни Чмиленко, пренесува БТА од агенцијата Интерфакс.

Единственото интернет издание „Остров“, цитирајќи извор од Министерството за внатрешни работи соопшти дека Андрушчук бил пронајден обесен на 10 мај. – Да, вистина е, станува збор за насилна смрт, изјавил изворот за интернет изданието.

Засега нема потврда од друг извор.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми