Украина: Голема излезност на референдумот и покрај судирите

Од:

Во источноукраинските региони Доњецк и Славјанск утрово почна гласањето на референдумите за „самоопределување“ што ги организираат локалните проруски сепаратисти.

Гласањето почна во осум часот по локално време (седум часот по средноевропско време) и ќе трае до вечерва во 22 часот. Референдумите се спроведуваат во 52 населени места во двата региони.

Според најавите на организаторите, по завршувањето на гласањето гласачките ливчиња ќе бидат пренесени во регионалните центри каде ќе биде извршено пребројувањето.

Право на глас имаат околу седум милиони локални жители.

На референдумот во регионот на Доњецк граѓаните треба да се изјаснат дали „поддржуваат самоуправа на Доњецката Народна Република“, додека во Луганск референдумското прашање гласи: „дали го поддржувате актот за самостојност на Луганската Народна Република“.

Претседателот на „Централната изборна комисија“ на самопрогласената „Доњецка Народна Република“, Роман Љагин вчера изјави дека референдумот во Доњецк е за „самоопределување“, а не за „сувереност“.

– Можеби следен чекор би бил уште еден референдум на кој ќе прашаме дали луѓето сакаат да се присоединат кон Русија, сакаат да останат во составот на Украина или сакаат самостојна држава, нагласи Љагин.

И покрај обновените судири на украинската војска со проруските сили, во областите на истокот на Украина има голема излезност на референдумот за самостојност.
Во Славјанск од изутрина одекнуваат детонации. Комуникацијата е изгубена со два одброи за референдум бидејќи проруските сили се судрија со украинската војска.
Безбедносни проблеми се регистрирани и во Луганската област каде исто се одржува референдум. Се појавила таканаречена национална гарда која ги заплашувала луѓето и преместувала воена техника од едно на друго место.
Според Итар-тас исклучително е висока излезноста во Донјецк, каде луѓето чекаат во долги редици да гласаат на избирачките места.
Излезноста во Луганск веќе надмина 30 отсто до 11 часот по московско време, а престрелките изутрина продолжиле во Андријовка, место кое се наоѓа на линијата на фронтот.
Референдумот е незаконски, став е западните земји кои стравуваат дека гласањето може да предизвика граѓанска војна во Украина. САД синоќа соопштија дека нема да ги признаат резултатите од референдумот на истокот на Украина зашто тоа може да предизвика отцепување на тој дел од Укрина.

Рускиот претседател Владимир Путин ги повика организаторите на референдумите да се откажат од нивното одржување, додека Украина, ЕУ и САД уште претходно референдумските изјаснувања ги прогласија за нелегитимни и најавија дека нема да ги признаат нивните резултати.

Во пресрет на денешното гласање, минатата ноќта во градот Слајанск во регионот Доњецк, како што јавија западните медиуми, се слушале „многубројни и силни детонации“.

Според истите извори, во Славјанск, кој важи за едно од најсилните упоришта на проруските сепаратисти, се слушале детонации од тешко оружје што траеле околу еден час, како и истрели од автоматско оружје.

Локални жители изјавиле дека синоќа престрелки имало и во предградието на Славјанск, Андреевка, каде и претходно имаше судири меѓу украинските безбедносни сили и припадниците на проруските сепаратистички „сили за самоодбрана“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми