Фотографијата од една мачка од Кардиф, деновиве предизвика многу смеа и недоумици и во Велика Британија.
Имено, мачка идентична на загубената мачка заради која нејзините сопственици изработиле „потерница“ е фотографирана веднаш до плакатот залепен на прозорецот на куќата на сопствениците.
Иако е нејасно дали навистина станува за вистински случај, односно мачката се загубила па сопствениците почнале да ја бараат, а кратко време потоа таа се вратила дома, па некој минувач ја фотографирал на прозорецот до плакатот или сопствениците сакале да направат добра шега, едно е јасно – во изминатите три дена фотографијата предизвика многу смеа кај интернет-корисниците.