Српски фудбалер од Украина: Чекам да започне војна

Од:

Со зголемување на омразата и судирите, на Украина и се закануваа судбината на поранешна Југославија, смета Никола Игњатовиќ, фудбалер на Зорја, кој престојува во регионот Луганска.

-Во Луганска до пред три дена имаше улични борби, пукотница и скршени автомобили. Сега е мирно но доаѓа најкритичниот ден, 11 мај. За недела е закажан референдум на кој ќе се донесе одлука, дали ќе се одлучи за приклучување на Русија или ќе се прогласи покраина. Сите се надеваме дека на 25-ти мај, за време на претседателските избори, состојбата ќе се смири. Во градот се помалку има гориво на бензинските пумпи, а најпознатата украинска банка Дивет ги повлече сите пари од банкоматите и ги однесе во Киев, вели Игњатовиќ.

nikolaIgnjatovic

Тој наведува дека не верува во мирно решавање на кризата и дека прашање на времето е кога ќе започне војната.

Инаку Луганска се наоѓа во најисточната област во Украина и претставува важен индустриски центар.

-Сите 430.000 жители сакаат парите кои што ќе ги заработат да останат кај нив, во источниот дел, а не да одат во Киев. Може да се рече дека голем процент на економската состојба во Украина, зависи од исток. Не верувам дека ќе се одвои како Крим, но на пат се да добијат своја покраина- смета српскиот фудбалер.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми