Проруските сепаратисти во Доњецк ги ослободија членовите на Црвениот крст, кои вчера ги задржаа под сомнение за шпионажа, јави ИТАР-ТАСС.
– Синоќа задржаните соработници на Црвениот крст во Доњецк се ослободени, телефонски потврди за ИТАР-ТАСС портпаролот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст за Европа и Централна Азија Давид Пиер Марке.
Според него, не станувало збор за земање заложници. Тие биле задржани поради контрола во Доњецк и набрзо биле ослободени.
Вкупно биле задржани деветмина соработници на хуманитарната организација.
Според локалната интернет страницка „Новости Донбаса“ централата на Црвениот крст во центарот на Доњецк синоќа била нападната од непознати лица и одвеле седуммина активисти – тројца доброволци од Киев, еден Французин и тројца жители на градот.
Сајтот тврди дека тие биле задржани во зградата на локалната администрација, окупирана од проруските сепаратисти.