Генералниот секретар на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) Ламберто Заниер допатува во Киев каде ќе одржи состаноци со претставниците на власта, изјави денеска портпаролот на мисијата на ОБСЕ во Украина.
Заниер во текот на дводневната посета ќе разговара со украинските претставници за можностите за решавање на ситуацијата во Украина.
Заниер во Киев беше и на 29 април.