Јацењук: Путин нема поим, референдумот не беше во план

Од:

Украинскиот премиер Арсениј Јацењук го нарече „глупост за која нема основа да се зборува“ апелот на рускиот претседател Владими Путин за одложување на референдумот за независност на таканаречената Доњецка народна република.

– Владимир Владимирович продава ветер. Зборува нешто за што нема поим…. Тоа не е достојно за Вас, Вие сте претседател на голема држава, истакна Јацењук.

Тој наведе дека Путин треба „да е информиран дека никаков референдум не е предвиден во Украина на 11 мај“.

Путин претходно по средбата со претседателот на ОБСЕ Дидие Буркхалтер ги повика проруските сепаратисти во источна Украина да го одложат референдумот за „декларацијата за независност“ на самопрогласената Доњецка народна република.

– Ги повикуваме претставниците на југоисточна Украина да го одложат референдумот закажан за 11 мај, за да се создадат неопходни услови за дијалог, изјави Путин.

Буркхалтер најави дека ОБСЕ ќе предложи свои планови за запирање на кризата во Украина.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми