Познатиот офталмолог од Скопје, Дејан Ставриќ, кој беше поранешен претседател на Синдикатот на Клинички центар, денеска доби осумдневен притвор.
Мерката ја изрекол судија во претходна постапка од Основниот суд Скопје 1, откако го сослушал, соопшти ова судско тело.
Тој е изнесен пред судија во претходна постапка со кривична пријава за Примање награда за противзаконито влијание, а по изрекувањето на притворот е пренесен во Истражниот затвор „Скопје“ во населбата Шуто Оризари.