Нови борби избувнаа денеска во Славјанск, каде проруските сепаратисти ги нападнаа владините сили што го опколија градот, јави ДПА.
Претставник на сепаратистите во Славјанск изјави дека судирите се водат околу телевизиската кула во јужното предградие Андреевка.
– Ги враќаме под наша контрола контролните пунктови, истакна тој.
Засега нема информации за жртви, ниту коментар од страна на украинската Влада.