Шест слатки начини да му покажете колку ви е важен

Од:

За врската постојано да биде убава, исполнета и квалитетна, жената, како и мажот мора многу да се труди и да вложува.

Без разлика дали во врска сте кусо или долго време морате да знаете едно правило – секогаш, дури и по 30 години љубов во односот морате да се вложувате и да се давате себе.

Единствено така вашата љубов никогаш не може да умре, иако разни фактори како времето и монотонијата ќе се обидуваат да ве скршат. За да ја сочувате својата љубов, најпрво ви треба добра волја, а потоа и симпатични и не премногу комплицирани идеи за одвреме на време да го изненадите партнерот и да го потсетите на количината на својата љубов.

Подарете му ситница

Сентименталните подароци, кои не се даваат на роденденот, годишнината, празник или нешто слично се еден од најлесните начини да го потсетите колку го сакате и цените. Тој подарок можете самите да го направите или купите, само нека биде што ве потсетува на него.

Испратете му порака

Слатка СМС во текот на денот ќе му покаже дека мислите на него.

Мали знаци на внимание

Момчињата ги сакаат тие работи, бидејќи говорат дека сте горди на него. Мал бакнеж, прегернување, стискање на раката ќе му покажат дека ви значи, само немојте да претерувате.

Покажете интересирање

Особено за неговите хобија и пријатели, иако понекогаш ви одат на нерви. И кај вас постојат работи, кои него не го интересираат, но ова секако е еден од наједноставните начини на искажувае на почитување.

Дајте му простор

Доколку наместо на вечера со вас, сака да оди со пријателите во град, посакајте му убав помин. Тоа не значи дека секој пат би требало да се согласите на такво нешто, но имајте на ум дека нему му треба и простор за себе и оти тоа не значи дека повеќе не ве сака.

Би можело да ве интересира

Совети за справување со личниот гнев во љубовната врска

Ана Ололовска

Французите ретко велат „те сакам“ – го покажуваат тоа на дело

Ана Ололовска

„Тиндер“: Сè повеќе луѓе имаат „помали очекувања“ во врската

Ана Ололовска

Љубовни совети од 19. век

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Љубов под карантин: Англичанец, користејќи робот, ја запроси девојката

Ана Ололовска

ВИДЕО: Ја запроси својата девојка на урнатините во Петриња

Ана Ололовска