Претседавачот на ОБСЕ, швајцарскиот министер за надворешни работи Дидие Буркхалтер денеска во Виена апелираше за прекин на огнот во Украина поради претседателските избори, што се закажани на 25 мај.
Претседавачот на ОБСЕ побара и нови разговори во Женева за изнаоѓање на излез од кризата во Украина. Брукхалтер утре во Москва ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин и со министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.
Букхалтер денеска за Украина разговараше и со германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмајер.
Штајнмајер денеска допатува во Виена за на аеродром да се сретне со рускиот и украинскиот колега Сергеј Лавров и Андреј Дешчица, кои учествуваа на министерската конференција на Советот на Европа. Состанокот Штајмајер – Лавров траел околу еден час, а со Дешчица половина час.
Штајнмајер оцени дека ситуацијата во Украина е загрижувачка, но изрази надеж дека ќе има нова женевска конференција на која би се пронашло решение за конфликтот во Украина.